ФИБА го смени планот: Македонија во нов „балон“ во претквалификациите за СП

Македонската кошаркарска репрезентација ќе мора да игра „балон-турнир“ во претквалификациите за СП, беше одлучено на денешниот конгрес на Бордот на ФИБА на кој се дискутираше за претстојните меѓународни натпреварувања.

Имено, прифатен е предлогот кој вели дека и претквалификациите за Светскиот Куп 2023, ќе се играат во сега веќе добро познатите „балони“. Наместо размена на домаќинства, 12. селекции кои се дел од вториот претквалификациски циклус за места во оние „главни квалификации“, ќе играат на четири одвоени турнири од „затворен тип“ во периодот од 12. до 18. август, 2021 година.  Местата на одигрување на т.н. „балони“ ќе бидат дополнително одредени, откако ќе бидат разгледани сите пријави за организација.

Македонија беше извлечена во група со Словачка и со Швајцарија, а менувањето на системот на натпреварување и кратењето на времето на квалификацискиот циклус ќе биде проблем повеќе за новиот селектор Бајиќ, кој дефинитивно ќе нема право на грешка.

Првопласираните две селекции од секоја од четирите групи одат во следниот, квалификациски формат за пласман на Светскиот Куп кој ќе се одржи во 2023 година, во три различни земји, Јапонија, Филипини и Индонезија.

Се вчитува...