ФИБА со конечна одлука: Суспензија за арбитрите од мечот меѓу Литванија и Германија

Дуелот меѓу Литванија и Германија предизвика лавина на реакции во рамки на ЕПво кошарка. „Црна дамка“ оставија арбитрите, кои не ѝ доделија дополнително слободно фрлање на Литванија поради техничка грешка на германскиот селектор Гордон Херберт.

Поради тоа Литванците поднесоа жалба, но постапката не беше прифатена. Сепак, сега пристигна мала утеха за селекцијата која по две продлженија загуби од Германија (109-107).

Имено, италијанскиот судија Мануел Мацони и полските арбитри Војчех Лишка и Михал Прок се суспендирани од Евробаскетот. ФИБА сега реши да делува, но тешко дека ова ќе биде голема утеха за поразените.

Се вчитува...