Хаос во Истанбул – Навивачите на Фенербахче ги нападнаа кошаркарите на Монако (ВИДЕО)

Спектакуларната серија меѓу Фенербахче и Монако во четвртфиналето од Евролигата ќе се одлучува во мајсторка, откако вечерва во Истанбул францускиот тим дојде до „брејк“ славејќи со 62-65.

Во вистинска „драма“ мечот беше решен во последните секунди, па кошаркарите на Монако бурно ја прославуваа оваа важна победа за нив. Тоа не им се допадна на навивачите на Фенербахче кои беа разочарани и бесни до таа мера што влегоа на терен и физички ги нападнаа гостинските играчи.

Поради целокупниот хаос на крајот се извинуваше и тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус.

Се вчитува...