ФИФА апелира до фудбалерите: Не губите време, вакцинирајте се!

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) апелираше до фудбалерите ширум светот да се вакцинираат против коронавирусот. ФИФА воедно испрати и апел за одлуката на британската влада за вакцинација и посочи дека активно терба да се учествува во изнаоѓање решение, што, како што велат, е во интерес на сите.

Исто така, ФИФА е убедена дека со масовна вакцинација ќе биде направен позитивен чекор во безбедноста на зелените терени.

„Ние ја охрабруваме вакцинацијата против коронавирусот и ја поддржуваме позицијата на Светската здравствена организација (СЗО) – безбедниот, фер и правичен пристап до вакцината е клучен во сите земји. Фудбалерите не треба да имаат приоритетен пристап до вакцината, но теба да бидат свесни дека тоа е единственото решение. Светската куќа на фудбалот упати апел до британската влада дека целосно имунизирани фудбалери не мора да одат во карантин во хотели по повлекувањето од претстојните квалификации за СП, иако натпреварите се играат во земји на т.н. црвена листа“, стои во соопштението на ФИФА.

Се вчитува...