ФИФА го казни Мексико поради навивачките навреди кон Нојер, казна и за Србија

Фудбалската федерација на Мексико доби казна од десет илјади швајцарски франци поради навредливото скандирање од навивачите на националниот тим кон Мануел Нојер за време на дуелот со составот на Германија. „Дискриминирачки и навредливи извици“ – ова е оценката на Дисциплинската комисија на ФИФА за тоа што навивачите го довикуваа зборот „путо“ кон Нојер. Изразот е всушност хомофобичен сленг кој се користи во Мексико за машки сексуални работници.

Овој израз, мексиканските навивачи го користеа и на претходното Светско првенство, наидоа на големи осуди, но тогаш ФИФА не покрена дисциплинска постапка.

Репрезентациите на Мексико и на Германија се соочија во првото коло од групната фаза. Мексиканските фудбалери го шокираа бранителот на светската титула со 1-0. Во второто коло, в сабота, Германците се соочуват со Шведска, а Мексико игра против Јужна Кореја.

Казна за недолични извици, навивање со политичка конотација како и истакнување неадекватни знамиња доби и Фудбалскиот сојуз на Србија. И Србите ќе платат илјада швајцарски франци.

ФИФА ангажираше  експерти кои проценуваат дали има дискриминација за време на натпреварите и на теренот и на трибините.

Се вчитува...