ФИФА ја казни Унгарија поради расизамот против Англија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Унгарија со два натпревари без публика и со 200 илјади швајцарски франци поради однесувањето на навивачите на мечот против Англија во септемвриските квалификации за пласман на СП 2022.

„ФИФА нема толеранција против така ужасно однесување на фудбалските стадиони. Ќе останеме цврсти и одлучни во отфрлувањето на било каков расизам како и било каква друга дискриминација“, стои во соопштението на ФИФА. 

Унгарија натпреварот од квалификациите против Англија го загуби со 0-4.

Се вчитува...