ФИФА ќе одзеде две ѕвездички на Уругвај – титулите од ЛОИ не се признаваат!

Уругвај е двоен светски шампион од 1930 и 1950 година, но единствена земја која на дресовите над својот грб имаат четири шампионски ѕвездички, зашто „урусите“ си ги сметаат двете освоини злата на ЛОИ во 1924 и ЛОИ во 1928 година како светски титули, со образложение дека тогаш не постоела ФИФА, ниту се играл Мундијалот.

Но, според последните најави ФИФА подготвува писмо со кое ќе му нареди на Уругвај да избрише две од четирите ѕвездички, зашто победите на олимпискиот турнир не се признаваат.

Но, во Уругвај веќе подготвуваат постапка за да ги урнат аргументите на ФИФА.

„Ќе ги искористиме сите аргументи за да ја ‘урнеме’ одлуката на ФИФА, иако сега се занимаваме и со логистичка модификација на дресовите додека не се донесе конечна одлука“, најави директорот на репрезентациите во федерацијата, Хорхе Касалјес.

Се вчитува...