Ришарлисон повлече радикален потег во обид што поскоро да го напушти Тотенхем. Бразилскиот напаѓач поднесе барање до ФИФА за раскинување на договорот со лондонскиот клуб, откако беше изоставен од списокот од 25 играчи за Премиер-игата и практично отпишан од плановите на тренерот Роберто Де Зерби.
29-годишниот Ришарлисон се обидува да ја искористи одредбата од правилникот на ФИФА која, под одредени околности, му дозволува на играчот да го раскине договорот поради таканаречена „спортска причина“. Неговиот случај е особено интересен бидејќи договорот со Тотенхем се уште е во сила, а во меѓувреме се отвори и можност за заминување во Бразил.
Бразилскиот напаѓач настапи на првиот натпревар од сезоната против Брентфорд, но потоа повеќе не беше дел од плановите на англискиот клуб. Де Зерби изјави дека Ришарлисон во повеќе наврати ја изразил својата желба за заминување, по што Тотенхем одлучи да продолжи понатаму без него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
