ФИФА ќе отпочне истрага за трансферот на Погба

Светската фудбалска организација (ФИФА) е подготвена да отпочне истрага за трансферот на францускиот интернационалец Пол Погба од Јувентус во англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед. Откако во медиумите на Островот јавно беа обелоденети фактите од овој трансфер, по што се откри дека на агентот Мино Рајола му биле исплатени 41 милиони фунти, од вклупната сума од 89 милиони фунти, што воедно беше и нов трансфер-рекорд, ФИФА ќе истражува дали се работи за наводно „перење пари“.

Досега ниту еден фудбалски агент нема добиено такви огромни пари за посредување при трансфер во Европа, па дури ни ако се работи за најголемите европски гиганти и трансферите на најдобрите фудбалери. Мино Рајола исто така заработил и провизија од 23 милиони фунти при трансферот на Златан Ибрахимовиќ од ПСЖ во Манчестер јунајтед.

Се вчитува...