ФИФА преговара за евакуација на спортистите од Авганистан

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна преговори за евакуација на спортистите од Авганистана, по доаѓањето на талибанците. ФИФА соопшти дека работи со владите и релевантните организации за решавање на ова прашање.

Според британските медиуми, на почетокот на месецот, Светската куќа на фудбалот им пишала на владите на бројни земји и побарала од нив да ги евакуираат фудбалерите. Австралиските власти веќе евакуирале 50 спортистки во вторникот, откако изразија загриженост за нивната безбедност под режимот на Талибанците.

„Раководството на ФИФА е лично вклучено во комплексната евакуација на фудбалерите и другите спортисти. Ова е крајно предизвикувачки и со оглед на деликатната и нестабилна ситуација на теренот, не можеме да изнесеме детали во оваа фаза”, се вели во соопштението.

Евакуацијата на аеродромот продолжува, иако десетици Авганистанци и 13 припадници на американската армија загинаа во вчерашниот напад на двајца бомбаши-самоубијци и вооружени мажи. Најмалку 150 луѓе беа повредени. За време на претходното владеење на Талибанците од 1996 до 2001 година, на девојчињата им беше забрането образование, а на жените им беше забрането да работат или да ја напуштат куќата без придружба на машки роднина.

Се вчитува...