ФИФА тргнува во војна против Рајола и Мендеш

Светската фудбалска федерација (ФИФА) сака да ги намали приходите од провизиите кои ги зимаат најдобрите менаџери во светот. Во текот на 2019 година низ рацете на најдобрите агенти минаа околу 653 милиони долари што е за 19.3 повеќе од 2018 година.

Затоа ФИФА сака да понуди два решенија. Во првото агентот може да прифат 3 отсто од годишната плата на фудбалерот, а во второто 10 отсто од цената на трансферот на фудбалерот. Во иднина агентот ќе може да претставува само една страна или фудбалерот или клубот, а ќе има отстапка само доколку двете страни имаат потпишано договор.

Овој предлог ќе се стави на гласање на почетокот на следната година, а сето ова е поради големата заработувачка која ја имаат Мино Рајола и Жорже Мендеш, двајцата најдобри фудбалски агенти во светот.

Се вчитува...