Фиго: Хрватска може да го освои Мундијалот во Катар

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго, смета дека Хрватска е еден од фаворитите за освојување на пехарот од Мундијалот во Катар.

Во разговор за медиумите во Хрватска, некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Барселона и Интер кажа дека „коцкастите“ имаат потенцијал да се искачат на првото место.

„Хрватска е потенцијален кандидат да го освои Светското првенство. Имавте голема шанса на минатото првенство. Ако работите и продолжите така и продолжите да бидете што подобри, тогаш имате шанса. Имате одлични играчи, и ви посакувам среќа“, рече Фиго. 

Се вчитува...