Фиго: Рамос ја заслужува „Златната топка“

Легендарниот португалски ас Луис Фиго изјави дека Серхио Рамос заслужува да ја освои наградата за најдобар фудбалер во светот. Кристијано Роналдо и Лука Модриќ се фудбалерите на Реал Мадрид кои ја освојуваа „Златната топка“, а според Фиго наградата ја заслужува и капитенот на мадридскиот клуб.

„Тешко им е на одбранбените фудбалери да ја освојат наградата, исто толку тешко како и на голманите. Јасно е дека играчите од средниот ред и напаѓачите даваат повеќе голови, но не смееме да ја заборавиме важноста на одбранбените фудбалери и на голманите. Серхио Рамос години наназад е најдобар стопер, освои многу трофеи и заслужува да го добие и признанието за најдобар фудбалер“, изјави Фиго.

Единствен одбранбен фудбалер кој ја освои „Златната топка“ беше Фабио Канаваро, кој во 2006 година со Италија го освои Светското првенство.

Се вчитува...