Фиго во војна со шпанската влада: Вонредна состојба до април? Не кажавте само која година!

Шпанија е повторно во вонредна состојба. Владата вчера вечер објави дека воведува нови мерки според кои целата држава ќе биде под полициски час навечер од 23 часот до 6 часот наутро. Вонредната сосотјба е продолжена за 15 дена, а целта на властите е да биде продолжена цели шест месеци.

Експресна реакција на ваките одлуки дојде од фудбалската легенда Луис Фиго. Во објава на социјалните мрежи тој ја критикувше владата за начинот на справување со новиот бран на коронавирусот. Фиго инаку подолг период е еден од најголемите критичари на владата, а во овој кризен период омилена жртва му е заменикот премиер Пабло Иглесијас.

До април, но заборавија да кажат која година! Вирусот е ист секаде во светот, но начинот на справување очигледно не е. Екпертската комисија ќе биде ли на одмор? Повеќе тестови, подобра примарна заштита и повеќе медицински персонал и транспарентност“ – напиша Фиго.

 

 

Се вчитува...