Фил Џексон конечно откри кој е подобар – Џордан или Коби?

Најдобриот тренер во историјата на НБА лигата, Фил Џексон кој освои 11 прстени како тренер на Чикаго Булс и ЛА Лејкерс конечно откри кој според него би победил во меч еден на еден меѓу Мајкл Џордан и Коби Брајант.

„Натпреаварот дефинитивно би го добил Мајкл Џордан. Кога некој може да ја земе со една рака топката додека дрибла, како што знае Мајкл и во исто време да стигне до кошот и без проблем да поентира, тоа е само тој. Затоа морам да кажам дека во еден на еден би победил Мајкл, иако нема да е лесно“, изјави Џексон. 

Фил Џексон заедно со Мајкл Џордан во 90-тите освои шест шампионски прстени, додека во нултите од овој век со Коби Брајант пет пати се радуваше на титулата.

Се вчитува...