Филаделфија и без Харден и Ембид подобра од Бруклин, ново разочарување од Лејкерс

Тимот на Филаделфија го совлада Бруклин на свој терен со 115-106, и покрај тоа што играа без главните звезди Џоел Ембид и Џејмс Харден, а го немаше ниту Тајрис Мекси. Филаделфија уште од средината на првата четвртина го превзедоа водството, и со повремени падови на крајот дојдоа до значајна победа. Нетси, пак, од друга страна продолжуваат со лошите резултати.

Херис кај Филаделфија беше најефикасен со 24 поени. Мелтон уфрли 22, а Пол Рид придонесе до дабл-дабл (19 поени и 10 скока).

Носечките ѕвезди на Бруклин не придонеоса за подобар резултат. Со тоа Филаделфија има скор од 9-8, а Бруклин 9-10.

Сакраменто продолжува со добрите резултати, и одличната форма и синоќешната победа над Мемфис Гризлис на гости ги донесе до 5. позиција на Западот.

Ништо ново од ЛА Лејкерс. Ниту одличните 37 поени на Ентони Дејвис не му помогнаа да го избегнат поразот од Феникс Санс. На крајот 115-105 за домашните Санси.

РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Бруклин 115-106
Мемфис – Сакраменто 109-113
Денвер – Детроит 108-110
Феникс – ЛА Лејкерс 115-105

Се вчитува...