Филаделфија не наде лек за Адетокумбо, Атланта тоне во серија порази

Јанис Адетокумбо беше во главна улога на дуелот меѓу Филаделфија и Милвоки, на кој актуелниот првак славеше на гостински терен со 109-118. Филаделфија не најде начин да го запре грчкиот ас, кој го заврши мечот со 31 поен, 16 скокови и 4 асистенции, а добра помош доби и од Грејсон Ален, кој погоди пет тројки за вкупно 25 поени. Во таборот на Филаделфија најефикасни во денешниот пораз беа Макси со 31 и Нианг со 21 поен.

Атланта хоукс влезе во „црна дупка“ откако „јастребите“ загубија од Јута со 110-98, петти пораз во низа за оваа екипа. „Џезерите“ уште во првото полувреме стигнаа до двоцифрено водство од кое гостинскиот состав не можеше да се врати. Мичел со 27 поени и Богдановиќ со18 поени беа најзаслужни за триумфот над Јута, додека во таборот на Атланта прв стрелец беше Ертер со 28 поени, еден повеќе од Јанг.

ЛА Клиперс на домашен терен го совлада Портланд со 117-109, најмногу благодарение на Пол Џорџ и неговите 24 постигнати поени.

Резултати НБА:

Филаделфија – Милвоки 109-118, Јута – Атланта 110-98, ЛА Клиперс – Портланд 117-109.

Се вчитува...