Филаделфија не успеа да направи трејд на Симонс, сега тој не сака да игра за клубот

Првиот избор на НБА драфтот во 2016 година, Бен Симонс повеќе не сака да игра за Филаделфија, пренесуваат американските медиуми. Ова воедно не е ни чудно бидејќи и клубот сакаше да се ослободи од услугите на Австралијанецот, но не успеа да најде клуб кој ќе се сложи за ваков потег.

Опциите беа различни, се споменуваше негов трејд во редовите на Голден Стејт, како и Сакраменто, меѓутоа договорот на Симонс кој изнесува 146 милиони евра, а до истекот на истиот има уште четири години ги отежнаа работите во преговорите.

Сега односите помеѓу играчот и клубот се непоправливи па Филаделфија ќе мора да се сложи со било каков трејд. Во тој поглед прв се појавува тимот на Минесота кој нема што да понуди, но сака Симонс да го спои со Д’Анџело Расел, Карл Ентони Таунс и Ентони Едвардс и да состави конкурентен тим на Западот.

Се вчитува...