Кил комплетираше катастрофална сезона во која поранешниот европски првак не само што не стигна до ниту еден трофеј, туку и не успеа да се избори за излез во ракометна Европа.
Цената за тој неуспех на крајот ја плати тренерот, откако „зебрите“ попладнево објавија дека му е врачен отказ на Филип Јиха, легендата на клубот кој осум години како играч настапуваше за Кил, за потоа уште осум години да го води тимот како шеф на стручнот штаб.
„Јас сум задолжен за носење на тешките одлуки по спроведените анализи. Секако дека би сакале да останеме со Филип како тренер и со променет играчки тим, како што планиравме претходно. Сепак, багажот од резултатите и случувањата во тимот е претежок, затоа мораше да биде донесена одлука за тренерска смена“, изјави директорот на Кил, Виктор Шилаги.
Главен фаворит за нов тренер на Кил е норвешкиот стратег Берге Лунд, кој се наоѓа на чело на Елверум и воедно е прв асистент во стручниот штаб на норвешката репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
