Филип Јиха му кажа збогум на ракометот

Чешкиот ракометар Филип Јиха и дефинитивно заминува во пензија. Неколку дена откако беше објавено дека ја напушта Барселона, тој и официјално се збогува со активното играње ракомет. Причините се јасни, веќе образложени и при заминувањето од Барселона, дека неговото тело не може веќе да ги издржи напорите на професионалниот ракомет, а многубројните повреди си го сторија своето.

35-годишниот чешки ракометар во 2010 година беше избран за најдобар во светот, а со германскиот клуб Кил освои две титутли во Лигата на шампионите. Последен клуб во неговата кариера е Барселона.

Се вчитува...