Филип Јиха си оди од Барселона

Чешкиот ракометар, Филип Јиха, нема да биде во составот на Барселона за наредната сезона. Искусниот лев бек, на својот профил на Инстаграм денеска објави дека повеќе не е член на каталонскиот тим кој денеска стартува со подготовките за новата сезона.

Јиха наведува дека причина за неговото заминување од Барселона се проблемите со повредите и дека наскоро ќе одлуќи за својата иднина.

Сакам да им објавам на сите мои фанови дека од денеска не сум повеќе член на тимот на Барселона за наредната сезона. На клубот и на играчите им посакувам успешна сезона! Поради моите повреди посебно по операцијата на препоните и на коленото, не бев во можност да се вратам на она ниво на кое бев и на кое со успех играв долги години од мојата кариера во германската Бундес-лига. Тажен сум што морам да го објавам ова, но знам дека ова е исто така дел од животот на професионалните спортисти. Сега ми треба малку време да размислам и да поразговарам за мојата иднина со семејството и со блиските пријатели“ – информираше Филип Јиха на својот Инстаграм профил.

Легендарниот чешки ракометар во 2015 година дојде во Барселона од тимот на Кил во кој помина осум сезони. Претходно настапуваше и за Лемго, Ст.Гален, Дукла Прага и за Славија Плзен.

jiha barsa

Се вчитува...