Филип Кузмановски стартуваше со Хановер (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски  стартуваше со новата страница во својата ракометна кариера – Хановер. Денеска првата прозивка за новата сезона ја имаше тренерот на Карлос Ортега, а дел од неа беше и нашиот репрезентативец кој во Хановер стигна од редовите на Магдебург. Кузмановски со Бундеслигашот потпиша тригодишен договор.

По Магдебург, Хановер е втор интернационален предизвик за македонскиот репрезентативец откако претходно настапуваше на домашната сцена за Пелистер, Металург и Еурофарм Работник.

Се вчитува...