Филип Лазаров го одби Вардар, останува уште една година во Германија

Долгогодишниот македонски репрезентативец Филип Лазаров имаше на маса понуда да стане дел од стручниот штаб на Вардар под водство на Веселин Вујовиќ.

Сепак, тој решил да ја одбие оваа понуда бидејќи планира да остане уште најмалку една година во Германија, каде е играч на нисколигашот Ратинген.

„Веќе знаете дека во мојот стручен штаб останува Недановски, но идејата ми беше да доведеме уште еден тренер. Ќе имаме доста патувања, а имаме и широк ростер, така што секогаш ќе се случува да имаме најмалку по шест-седум играчи во Скопје и ќе ни биде потребен тренер што ќе работи по моја програма и ќе ги надлгедува. Јас во таа улога за идеален го сметав Филип Лазаров, на кого му понудив место во мојот стручен штаб. За жал, тој ме извести дека не може да се врати бидејќи планира да остане во Германија и да игра уште најмалку една сезона во својот клуб“, изјави Вујовиќ.

Се вчитува...