Филип Лазаров позитивен на Ковид-19

Македонскиот ракометен интернационалец Филип Лазаров е позитивен на коронавирус, пренесуваат германските медиуми. Ракометарот на Ратинген се сомнева дека се заразил на пат кон Германија, откако сопатникот до него бил позитивен на „Ковид-19“. Поради мерки на претпазливост, македонскиот ракометар не заминал на подготовки со својот тим во Холандија и веднаш на своја рака направил тест, кој бил позитивен.

Тој во моментов е во самоизолација, а од Ратинген веднаш ги тестирале сите ракометари. По стигнување на резултатите се покажало дека ниту еден друг ракометар не е позитивен на Ковид-19.

Се вчитува...