Филип Лазаров: Снемавме идеја во финишот…, мора да собереме сила за Данска

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Огромно и оправдано беше разочарувањето кај македонските ракометари по вториот пораз во серија во главната фаза на ЕП. Македонија загуби речиси добиен натпревар против Чешка (24-25). Падот и безидејноста во играта во последната четвртина, на крај ја чинеа Македонија победа и загубена шанса за полуфинале. Денеска следи последниот меч, против Данска.

Бевме подобри 40 минути од натпреварот, имавме 4-5 гола разлика…Како да застанавме, снемавме идеја, снемавме сила во одбрана, снемавме идеја во напад. Борко застана, беше одличен до 45 минута. И еден вака тежок пораз во најлош момент за нас. Катастрофа! Одиме понатаму, имаме уште еден натпревар да го одиграме. Тоа е. Тешко е многу, но не може ништо да се врати сега. Во најлош момент загубивме од репрезентација против која секогаш сме се радувале досега“ – разочарано вели Филип Лазаров.

По разочарувачкиот пораз од Шпанија во претходното коло, синоќа не издржавме до крај ни во дуелот против Чешка. Решавачки беа последните минути во кои Македонија немаше решение, ја загуби предноста и на крајот и мечот.

Не знам, мислам дека имаше хемија за победа. Така изгледаше. Се одеше добро до 45.минута и на крај снемавме идеја и сила во одбрана. Сите одеднаш застанавме. Немаше ниеден расположен играч на крај да преземе да не однесе напред. Два гола ни недостасуваа за победа. Игравме добро имавме резултат во поголем дел и на крај ни недостасуваа два гола за да победиме…“- дополнува Лазаров.

Се вчитува...