Филип Мирчески назначен за нов тренер на Победа

Македонскиот фудбалски второлигаш Победа го назначи Филип Мирчески за нов шеф на стручниот штаб на клубот.

Победа која минатата сезона имаше многу проблеми со финансии, сезонава за цел има што подобар настап во втората по ранг македонска лига каде ќе игра со фудбалери од својата младинска школа.

Младиот стратег дел од својата кариера ја помина токму во Победа каде и ја заврши професионалната кариера во 2016 година.

Се вчитува...