Филип Петрушев повторно е желба на Црвена ѕвезда. Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја започнаа сезоната со два пораза на домашен терен, од Жалгирис и Хапоел, а во третото коло го пречекуваат Анадолу Ефес.
Притисокот полека расте, тензијата се зголемува, а раководството на „црвено-белите“ сака да го растерети тимот и да го засили со Филип Петрушев. Поради големиот број играчи во ростерот на Дубаи, Петрушев добива се помала минутажа, а токму тука Црвена ѕвезда ја виде својата шанса, но…
„И додека Ѕвезда сега размислува што поскоро да го ангажира Филип Петрушев, тренерот на Дубаи, Чави Пасквал, засега го блокира трансферот. Дубаи има учинок од 2-0. Петрушев одигра речиси 19 минути во дуелот против Реал Мадрид и забележа три поени (шут од игра 1/4), шест скока и две асистенции, а потоа, против Барселона, минутажата му беше намалена тројно. Одигра шест минути и за тоа време запиша четири поени (шут од игра 1/2) и два скока“, пишуваат српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
