Филип Поповски организациски директор на Милан – Лил

Претставниците на Фудбалската федерација на Македонија и оваа недела не се заборавени од Комисиите на УЕФА кога се работи за делегирање на европските натпревари што јасно покажува дека одлично си ја извршиле работата на досегашните делегирања.

Генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски одново патува за Милано каде ќе биде организациски директор на УЕФА на мечот од  третото коло од Лига на Европа меѓу италијанскиот фудбалски гигант Милан и француската екипа Лил што ќе се одигра на стадионот Сан Сиро на 5 ноември. Пред една  недела  беше директор  на средбата Милан-Спарта Прага.

На истата дата, во Украина Жарко Игњатовски ќе биде организациски директор на мечот мегу Зорија и АЕК од Атина во рамките на Лига на Европа. Мечот ќе се игра на стадионот  во Запорожје. Поради проблемите со Ковид 19 и многуте процедури околу вадење дозволи за влез и излез во Украина, Жарко Игњатовски по препорака на УЕФА остана во Запорожје цела  недела по мечот со португалскиот тим  Брага, на 29. октомври, на кој исто така беше директор на средбата со португалскиот тим Брага.

Васко Дојчиновски, поранешниот претседател на Натпреварувачката комисија на ФФМ, кој е на делегатската листа на УЕФА, на 5. ноември во  Лига  на Европа во  Белград, ќе ја врши оваа функција на мечот меѓу Црвена звезда и белгиската екипа Гент. Пред две  недели беше делегат на средата во Загреб меѓу Хрватска и Шведска.

Не се заборавени и нашите најдобри судијки. Ирена Велевачковска ќе биде главен судија во Лигата на шампионите за жени меѓу СФК Сараево 2000 и израелската екипа Рамат Хашарон. Ќе и помагаат Билјана Миланова и Мирела Иванова, четврти судија ќе биде Ива Пројковска. Средбата се игра на 3. ноември во Зеница.

Се вчитува...