Филип Tалески: На хартија сме најталентирана генерација, да го покажеме тоа и на терен

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија денеска заминува за Алжир каде од 18 до 30 јули ќе се одржи Светското првенство за играчи до 21 година. Македонија го почнува настапот на СП утре со дуелот против Русија, а противници на младинците во групната фаза ќе има бидат уште и селекциите на Шпанија, Тунис, Бразил и на Буркина Фасо. Првата цел е да се обезбеди место меѓу првите четири репрезентации во групата и пласман во осминафиналето.

За повеќето од македонските репрезентативци од оваа генерација, ова ќе биде и последно големо натпреварување во младинска конкуренција. Според капитенот Филип Талески, тоа е и мотив повеќе на ова СП да се избори што подобар резултат.

filip taleski rkaomet mladi

На хартија ние сме една од најталентираните генерации, но тоа треба да се покаже и на терен. За повеќето од нас ова е последно големо натпреварување во младинска конкуренција и тоа е уште еден мотив повеќе да дадеме се од себе и да направиме успех. Сите ние од оваа генерација ’96, веќе имаме солидно искуство и на репрезентативен и на клупски план од настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, јас сум половина сезона во Бундеслигата што е едно големо искуство за мене. Дел од нас сме веќе и во сениорската репрезентација и тоа искуство треба да го искористиме, да го пренесеме на помладите во составот и да се обидеме на ова СП во Алжир да постигнеме еден добар успех“- вели Филип Талески.

rep.na makedonija (mladi)16.07 (18)

Во двонеделните подготовки пред настапот на СП во Алжир, младинците имаа два контролни натпревари во Доха со репрезентацијата на Катар, што беше и финална проверка пред она што ги очекува на мундијалот. Во завршницата од подготовките пред настапот на младинскиот мундијал, фокусот на селекторот Илија Темелковски и на неговиот стручен штаб во кој за ова СП е вклучен и Шпанецот Роберто Парондо, беше на првиот натпревар со Русија. Капитенот на македонската репрезентација ја потенцира важноста на утрешниот дуел Русија и очекува позитивен старт на мундијалот.

„Одигравме два контролни натпревари со Катар, ги увидовме грешките и ги исправивме во тие завршни 3-4 дена од подготовките пред СП. Фокусот во завршницата од подготовките беше на престојниот прв натпревар со Русија. Добро ја анализиравме играта на руската репрезентација. За нас ќе биде многу важно како ќе отвориме и ако го добиеме тој прв дуел со Русија, ќе биде многу полесно после во другите натпреври што ни претстојат во групната фаза. Но, како и да е, и независно од исходот со Русија, играме пет натпревари во првата фаза и верувам дека ќе имаме успех. Имаме големи шанси. Нашата прва цел е да ја поминеме групната фаза и да обезедиме пласман во осминафиналето и колку што е можно да фатиме подобра позиција. А, потоа се е отворено. Секој чекор напред ќе биде голем успех за нас“ – истакнува македонскиот бек.

rep.na makedonija (mladi)16.07 (20)

Младинските репрезентации на Македонија и на Русија играа меѓусебе и лани на Европското првенство (У20) во Данска во разигрувањето за пласман. Македонија во овој дуел славеше со 33-32, по продолженија, и заврши на 15.место, а Русија го освои последното 16.место. И за едната и за другата репрезентација, резултатите на ланското ЕП беа разочарувачки, далеку под очекувањата. Од ланскиот настап на ЕП извлечени се корисни поуки, а претстојното СП во Алжир е шанса македонските младинци да се прикажат во поинакво издание.

„Помалку индивидуалност повеќе тимска игра. Најважно е да одиграме добро колективно. Да имаме добра тимска игра во која секој индивидуално ќе го даде својот максимум, само така може да направиме добар резултат“ – посочува Филип Талески.

Се вчитува...