Финалето во Лига Европа ќе биде одиграно пред 9.500 навивачи

Само 9.500 гледачи ќе можат да го следат финалето на Лигата на Европа, кое годинава ќе се игра во Гдањск, Полска, објави УЕФА  по добивање дозвола од локалните власти

Според европската куќа на фудбалот, полските власти одобриле капацитетот на стадионот во Гдањск да се пополни само 25 проценти од вкупно 40.000 места за натпреварот што ќе се одигра на 26 мај.

Во финалето сречисити сигурно ќе игра Манчестер Јунајтед кој победи со 6-2 во првото полуфинале против Рома. Во второто полуфинале, Вилјареал го совлада Арсенал со 2-1 како домаќин, а патникот за Гдањск ќе биде познат по реваншот во Лондон.

Како што беше најавено, навивачите кои не живеат во Полска ќе можат да дојдат на мечот, а клубовите кои ќе обезбедат финале на располагање ќе имаат 2.000 влезници, додека 2.000 ќе бидат пуштени на продажба на локалното население. Останатите влезници, околу 3.500, ќе бидат дистрибуирани помеѓу комерцијалните партнери на УЕФА, радиодифузерите и фудбалските федерации.

„Навивачите кои доаѓаат во Полска од други земји ќе мора да ги почитуваат прописите за влез, кои се донеси со закон во оваа земја“, се вели во соопштението на УЕФА, истакнувајќи дека навивачите ќе треба да покажат доказ за вакцинацијата или негативен тест на Ковид-19 за да влезат во Полска.

Се вчитува...