Финецот Мика: Сакам фудбал, ама кај нас хокејот е национален спорт

ЕКИПА во Белек, 

Никола Ѓуровски

Почна пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Финска на „Глорија Арена“ во Белек, а Финците имаат повеќе симпатизери на трибината. Еден од нив е и Мика од Турку, кој вели дека редовно ја следи фудбалската селекција речиси на секој меч. Но, сепак, меѓу навивачките реквизити има хокеарски дрес од Тиму Селане.

„Го сакам фудбалот, ги следам мечевите, дојдов од Турку да го бодрам нашиот национален тим. Но, искрено, повеќе сум по хокејот. Кај нас, хокеј на мраз е национален спорт број 1“, вели Мика.

По петнаесетина минути игра, Македонија и Финска играат без голови на пријателскиот дуел во Белек, Турција.

Се вчитува...