Финска е нов светски шампион во хокеј на мраз

Финска е нов светски шампион во хокеј на мраз! Финците во големото финале на Светското првенство во Словачка, славеа против Канада со 3-1 (0-1, 1-0, 2-0).

Канаѓаните први поведоа на натпреварот со голот на Теодор уште во 10. минута, но потоа се беше во знакот на хокеарите на Финска.

Европјаните израмнија со голот на Антила во вториот период, а истиот хокеар на почетокот од третиот период донесе предност за Финска од 2-1. Конечните 3-1 ги постави Песонен на четири минути пред крајот на натпреварот.

Се вчитува...