Финска и Швајцарија до полуфинале на женскиот хокеарски турнир на ЗОИ

Швајцарија и Финска се репрезентациите кои денеска обезбедија полуфинале на женскиот хокеарски турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Во првото денешно четвртфинале кое на програмата беше рано утринава Швајцарија направи сензација добивајќи ја фаворизираната Русија со 4-2. Мулер два пати и по еднаш Руг и Стејнц беа стрелци на головите за Швајцарките.

Во второто денешно четвртфинале Финска ја оправда фаворитската улога против Јапонија добивајќи ја со 7-1. Претходно пласман во полуфиналето очекувано обезбедија првите фаворити на турнирот Канада и САД.

На машкиот турнир досега беа одиграни два натпревари од групната фаза. Во дербито САД рано утрово ја доби Канада со 4-2, додека Германија потешко од очекуваното ја совлада Кина со 3-2.

Се вчитува...