Финците реални: Шкендија беше многу подобра од нас!

Тренерот на Хелсинки, Мика Лекхосуо, максимално коректно го коментира вчерашниот прв натпревар меѓу Шкендија и Хелсинки од 2. квалификациско коло за Лигата на Европа.

Стратегот на финскиот тим потенцира дека Шкендија била далеку подобар противник кој го заслужил триумфот од 3-1.

„Ако се погледне дека во првото полувреме имавме одличен резултат 45 минути и водство од 1-0, тогаш сигурно овој пораз од 3-1 изгледа многу лошо. Но, мора да кажам дека противникот беше многу подобар од нас на овој натпревар. Искористија неколку грешки наши во одбраната и успешно реализираа за заслужена победа. Начинот на кој играше Шкендија ние треба да го направиме сега на домашен терен. Мора да ја искористиме секоја шанса за гол на реваншот, иако е јасно дека ќе биде тешко против еден ваков противник“ – вели Лекхосуо.

Се вчитува...