Финците се криеја од сонцето во Струмица: Има ли некаде сенка?

Од ’студени’ 15, на пеколни над 40 степени Целзиусови. Голем проблем имаа фудбалерите на финскиот претставник Хелсинки, кои допатуваа во Струмица, во пресрет на утрешниот меч (18 часот) против Шкендија, во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Пеколен за нив беше денешниот ден, и се чини дека не успеаја доволно добро да се аклиматизираат на жешкото сонце. Бараа сенка за да здивнат, очекувајќи го официјалниот тренинг на стадионот „Младост“.

helsinki strumica 2

Тренерот Мика Лекосуо одржа само лесен тренинг со својот тим, со оглед на екстремно жешкото време во Струмица. Тоа може да биде голем хендикеп за Финците и на утрешниот натпревар.

Се вчитува...