Финците со максимален респект: Македонија е вистинско фудбалско освежување за Европа!

Селекторот на Финска, Марку Канерва не штедеше пофални зборови за македонската фудбалска репрезентација пред утрешниот меѓусебен пријателски натпревари на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Канерва потенцираше дека Македонија е силен противник која веќе ужива вистинска фудбалска почит насекаде во Европа.

„Не е никаква тајна дека Македонија е силен противник со квалитетни поединци. Оваа репрезентација на Македонија е вистинско фудбалско освежување за Европа изминативе години, по пласманот на ЕП 2020 и оние два одигра натпревари против Италија и против Португалија. Располага со одлични поединци како Барди и Елмас, и се работи за одлично физички подготвена селекција. Ја гледавме со Грузија од дуелот во септември во Тбилиси и мислам дека несреќна околност беше што загуби таму“ – истакна Канерва на прес-конференцијата во Скопје, притоа дополнувајќи:

„Ќе биде во секој случај тежон натпревар, но ние посакуваме секако да дојдеме до позитивен резултат. Јас како селектор веќе имам натпревар против Македонија во Белек во 2018 година, и тогаш беше израмнет меч. Интересно е што и двете репрезентации играа на ЕП 2020 па сега ќе биде сигурно добар натпревар“.

Еднакво е и размислувањето на играчот на Интер Мајами, Роберт Томас Тејлор.

„И јас мислам дека утрешниот меч ќе биде тежок меч за нас, но секако ќе биде и добар натпревар за полна самодоверба. И двата тима не се комплетни, па верувам дека ќе биде израмнет дуел со многу трка“ – рече Тејлор.

Се вчитува...