Фиорентина го „торпедираше“ Интер победувајќи со 3-0 во заостанатиот натпревар од 15. коло во Серија А, кој беше прекинат во 15. минута на 1. декември минатата година откако фудбалерот на домашните Едоардо Бове колабираше на терен.
По колабирањето Бове беше итно транспортиран во клиника, а откако лекарите му го спасија животот подоцна му беше вграден и дефибрилатор, по што сега играчот на Фиорентина се чувствува далеку подобро.
Денеска, во продолжението од тој прекинат меч, Фиорентина дојде до победа благодарение на трите гола во второто полувреме. Раниери погоди во 60. минута за 1-0, а Кин во 68. минута зголеми на 2-0.
GOAL | Fiorentina 2-0 Inter | Moise Kean
MOISE KEAN DOUBLES THE LEAD FOR FIORENTINA!pic.twitter.com/f7OdhIjqWf— SPORTSXTRA (@RayKaiUpdates) February 6, 2025
Конечните 3-0 ги постави Кин со својот втор гол во 89. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА