Фиорентина ја отвори Серија А со триумф над Торино

Фиорентина и Торино ја отворија новата сезона во Серија А, а славеа „виолетовите“ со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за тимот од Фиренца беше Гаетано Кастровили.

Одличната шанса му ја подготви Федерико Киеза, кој побегна по десната страна, ја уфрли топката во петерецот, а на Кастровили му остана полесниот дел од задачата, да ја погоди речиси празната мрежа. Торино немаше сили за да возврати и да стигне до бод на ова гостување.

Се вчитува...