Фиорентина продолжува со „топло-ладно“: Реми со Каљари

Фиорентина продолжува со игрите „топло-ладно“ во италијанскиот шампионат, ремизирајќи (1-1) во 9. коло од Серија А против Каљари.

„Виолетовите“ не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога против Каљари, на крајот стигнувајќи само до бод. Жордан Верету ја доведе Фиорентина до водство со голот од пенал во 60. минута, а Паволети израмни во 70. минута од средбата.

По овој бод, Фиорентина остана на 5. место со 14 бода, два помалку од четвртопласираниот Интер.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...