Фиорентина со гол од пенал во 94. минута му „украде“ победа на Лацио!

Екипата на Лацио испушти победа против Фиорентина на „Олимпико“ во 14. коло од Серија А, на крајот само ремизирајќи (1-1) откако гостите дојдоа до бод благодарение на гол од пенал буквално во последните секунди од средбата.

„Лацијалите“ дојдоа до водство со голот на Стефан Де Вриј во 25. минута од средбата…

Кога се чинеше дека римскиот тим ќе однесе победа, во последните секунди од натпреварот беше направен пенал за Фиорентина, а во 94. минута успешен реализатор од белата точка беше Бабакар за конечни 1-1.

По овие реми Лацио со 29 бода е на 5. место на табелата, зад Јувентус и Рома кои се на делба на третата позиција со 31 бод. Водечки е Наполи со 38 бода, а втор е Интер со 36 бода, но Наполи и Интер имаат и еден натпревар повеќе од Јувентус, Рома и Лацио.

Се вчитува...