Фиорентина триумфално со Торино за полуфинале во Купот на Италија (ВИДЕО)

Фиорентина си обезбеди место во полуфиналето од Купот на Италија откако во четвртфиналната пресметка славеше против Торино со 2-1.

Тимот од Фиренца триумфираше сосема доволно за пласман меѓу најдобрите четири во најмасовното италијанско клупско натпреварување, со головите на Лука Јовиќ во 65. минута и Џонатан Иконе во 90. минута од натпреварот. Стрелец на единствениот гол за Торино беше Карамох во четвртата минута од судиското продолжение.

Претходно место во полуфиналето обезбеди и Интер, а останатите два полуфиналисти ќе се бараат од пресметките Рома – Кремонезе и Јувентус – Лацио.

Се вчитува...