Фисник Зука се врати во Ренова

Левиот бек Фисник Зука, се врати во таборот на Ренова. Зука две години беше дел од Ренова од 2018 до 2020 година, по што замина во Работнички, а потоа се врати во Шкупи. Зука играше и за албанскиот тим Фљамуртари.

Ова е прво засилување за Ренова по завршувањето на есенскиот дел од сезоната. „Гипсарите“ засега ги напушти капитенот Арџент Гафури, кој замина во Воска.

Зимската пауза „гипсарите“ ќе ја искористат за пополнување на местата на кои ќе требаат нови играчи. Едно од нив беше позицијата лев бек која ќе ја потполни Зука. Сезонава Зука не беше во плановите на Шкупи, па така во Ренова сигурно ќе може да добива поголема минутажа.

Се вчитува...