Фјури го прифати предизвикот на Џошуа: Ајде…, светот ќе го има најдобриот меч во 500 години!

Тајсон Фјури сака многу да предизвикува, провоцира и се подбива со противниците… Но, на фрлената ракавица од Ентони Џошуа одговорни експресно…

„Го прифаќам предизвикот, ќе му дадеме на светот најдобра борба во 500 години. Ќе се борам со тебе, ти си сон за секој боксер…“ – одговори Фјури, откако претходно Џошуа го повика по големата победа над Владимир Кличко.

„Тајсон Фјури, каде си? Знам дека многу зборуваше, дека сакаш да се вратиш, а јас на овие 90.000 луѓе сакам да им дадам нова можност да уживаат“ – истакна Џошуа.

Фјури изминативе денови во своите објави по социјалните мрежи често зборуваше како ќе се врати и бори со Џошуа, а сега доби и јавна покана за тоа. Двајцата експрено брзо се согласија дека треба да се соочат еден со друг.

Се вчитува...