ФК Борец револтирани на судењето со Тиквеш: Како може судија кој не се појавил на тестирање да биде делегиран!?

Од ФК Борец искажуваат отворен револт на судењето на вчерашниот натпревар од 13. коло во ПМФЛ на кој велешани иако имаа водство, на крај загубија со 2-1 од Тиквеш во Кавадарци.

Од Борец нагласуваат дека еден од виновниците за поразот е судијата Јакимовски кој во 92. минута не досудил очигледен пенал за тимот од Велес, а во далеку понеочигледна ситуација претходно досудил пенал за домаќините. Од ФК Борец се прашуваат како е можно судијата кој не се појавил на тестирање да биде делегиран за натпреварите од елитното друштво.

СООПШТЕНИЕТО ОД ФК БОРЕЦ ДО НАШАТА РЕДАКЦИЈА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Како клуб имаме пет пенали оваа сезона, четири од нив се со директните конкуренти на табелата, тоа се Тиквеш, Струга и Македонија ЃП. Судијата Јакимовски е европски судија, но на мечот со Тиквеш тој досуди пенал кој само тој го виде, а во 92. минута имаше слична ситуација за нашиот Борец, меѓутоа одлучи дека нема можност за најстрога казна.
Ќе поднесеме жалба до Судиската организација при ФФМ за судењето на Јакимовски на овој меч. Трет натпревар по ред ни суди тој и ние на сите три натпревари губиме. 
Не е дека целата вина ја вперуваме кон судиите, ние самите сме си виновни за некои од поразите оваа сезона, меѓутоа сметаме дека делителот на „правдата“ има свој удел во поразите. Како на пример, поведовме во Скопје со Македонија ЃП со 0-1, па против нас беа досудени два пенали. Во Кавадарци поведуваме со 0-1, повторно против нас се суди пенал кој само судијата го виде. Револтирани сме како клуб и дефинитивно ќе поднесеме жалба за овој натпревар. Чекаме на епилогот и да видиме како ќе оценат луѓето од ФФМ за овој дуел. 

За натпреварот со Академија Пандев каде судија директно влијаеше на примениот гол на Борец, арбитарот доби добра оценка од организацијата и судеше веднаш на друг натпревар за пример судијата на натпреварот ФК Шкупи – ФК Ренова за грешката беше санкциониран, на мечот со Работнички судијата исто така направи грешка и беше добро оценет. Сега, да видиме дали и овој судија ќе биде добро оценет.

Дали фудбалот кај нас треба да се игра за судиите и на кој му смета Велес да има прволигашки фудбал.

Ние како клуб реагираме за недусениот пенал на Крста Џорџевиќ во 92 минута.

И уште еднаш прашуваме како е можно судија кој не се појавил на тестирање, истиот да биде делегиран за денешниот натправар и кој ќе сноси одговорноста.

Управа на ФК Борец 1919 АД

Се вчитува...