ФК Гостивар: Повеќе нема да молчиме за кражбата на напорите на нашите играчи!

Македонскиот фудбалски прволигаш Гостивар на социјалните мрежи објави соопштение во кое наведува дека во иднина нема да ги толерира пристарсните одлуки против клубот и доколку истите продолжат фудбалерите ќе застанат на теренот и нема да играат.

Соопштението на ФК Гостивар ви го пренесуваме во целост:

Ова е нашиот манифест до судиите!

Го сакавме фудбалот.

Порано верувавме во иднината на оваа игра.

Сепак, не веруваме во таа иднина со овие судии.

Ги тераат луѓето да губат интерес за фудбалот!

Доста е, многу е!

Нема повеќе да молчиме!

Ќе одговориме на скандали (со скандали).

Секоја недела губиме бодови поради пристрасни одлуки на судиите.

Нашиот тим кој е непоразен на последните 10 натпревари има само потешкотии да се натпреварува со судиите, а не со противниците.

За нас пенали не се доделени, а неправедно се досудени против нас.

Признати се голови со два метри офсајд за нашите противници.

Картони дури и фаули не беа досудени во ситуации во кои нашите играчи се повредија.
Нашите противници се охрабруваат да играат поостро против нас бидејќи судиите не им судат фаули.

Затоа, најголемиот дел од нашите играчи се повредени во моментов.

Судиите го загрозуваат здравјето на нашите фудбалери!

Од друга страна, многу лесно ни се судат фаули.

Судиите тоа може отворено да го кажат на нашите наредни натпревари.

Ако пак се однесуваат пристрасно, ќе чекаме со нашите 11 играчи без мрдање.

Доколку повторно бидеме сведоци на некакви пристрасни судии, нашите играчи нема да се помрднат во текот на целиот натпревар бидејќи не вреди залудно да се заморуваат и да го ризикуваат своето здравје за џабе.

Ќе биде поинтересен натпревар за нашите навивачи кои ќе го гледаат на стадионот и на YouTube.
Веќе не се плашиме од службени порази или дисквалификација.

Не се плашиме да добиеме бодовна казна.

Нема проблем!

Повеќе нема да молчиме за кражбата на напорите на нашите играчи!

Се вчитува...