ФК Копенхаген е ранлив: Загуби дома (1-2) од Жилина, но, сепак, ќе игра со Вардар

Не е ФК Копенхаген толку страшен. Данскиот првак загуби дома од Жилина со 1-2, но, сепак, успеа да се пласира во третото квалификациско коло од ЛШ и ќе игра против нашиот шампион Вардар, поради триумфот од 1-3 на гости во Словачка.

Данците имаа многу проблеми на реваншот пред своите гледачи. Жилина поведе со 0-1 во 19.минута со голот на Отумбанџо, а ФК Копенхаген израмни од пенал, на почетокот на вториот дел, што го реализираше Бенјамин Вербиќ. Но, Жилина во 58.минута преку Филип Каса повторно дојде во водство од 1-2. Оттогаш, па до крајот, фудбалерите на ФК Копенхаген се „тресеа“ да не примат и трет гол, кој ќе го однесеше мечот во продолженија. Но, сепак, обезбедија дуели со Вардар.

Тимот на ФК Копенхаген настапи во следниот состав: Олсен, Боилесен, Луфтнер, Јохансон, Бенгтсон, Матиќ (65’ Квист), Тоту, Грегуш, Вербиќ, Сотириу (67’ Павловиќ), Сантандер.

Yusuf Otubanjo Goal HD – FC Copenhagen (Den) 0… by Football–LiveVerbic B. (Penalty) Goal HD – FC Copenhagen… by Football–LiveFilip Kasa Goal vs FC Copenhagen (1-2) by wifutty

Се вчитува...