ФК Пелистер подели пакетчиња на децата со посебни потреби во ОУ Ѓорѓи Сугарев

Фудбалскиот второлигаш Пелистер ја заокружи 2019 година со пласман на првата позиција на табелата во Втората лига Запад. Амбициите се прволигашки за следната 2020, а стартот на подготовките се закажани на 11 јануари.

Стручниот штаб и дел од фудбалерите на Пелистер ги посетија децата со посебни потреби при ОУ Ѓорѓи Сугарев и им ги честитаа новогодишните и божиќните празници, со најискрени желби за добро здравје и многу радости.

Се вчитува...