Фламенго или Евертон за Диего Коста

Шпанскиот репрезентативец Диего Коста би можел да се врати во родниот Бразил и да потпише за Фламенго, пренесуваат медиумите во Британија. Бразилецот требаше да премине во премиерлигашот Евертон, но во трката за него влегува и бразилскиот прволигаш кој би сакал да го доведе во своите редови искусниот напаѓач.

Коста во моментов е дел од Атлетико Мадрид, но откако тимот од „Ванда метрополитано“ го продолжи договорот на Алваро Мората и го потпиша португалското чудо од дете Жоао Феликс, очигледно е дека за него ќе нема место во првиот тим. Единствен проблем за бразилскиот клуб ќе биде платата на Коста која изнесува 150.000 евра неделно што е преголема за клуб како шѓто е Фламенго.

Од друга страна Евертон може да го исплати Коста, бидејќи за клуб од Премиер лигата 150.000 евра не претставуваат никаков проблем.

Се вчитува...