Флик: Тешка е ситуацијата…

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик вели дека нема некои планови се уште околу засилувањата на тимот во зимскиот преоден рок.

„Ситуацијата е многу тешка поради коронавирусот. Затоа оваа екипа ќе ја задржиме до крајот на сезоната. Не знам дали некој ќе си замине, но имаме квалитетна екипа и нашите цели остануваат исти“ – вели Флик.

Фудбалери кои би можеле да го напуштат клубот се Хави Мартинез и Џошуа. Но, Флик не знае ништо за тоа.

„Не сум слушнал ништо за тоа. Верувам дека ќе останат со нас и во следните шест месеци“ – вели Флик.

Баерн Минхен утре во дербито на 15. коло од Бундеслигата ќе гостува на Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...