Флојд Мејведер: За 36 минути ќе заработам 300 милиони долари!

Поранешниот светски боксерски шампион во пет категории, Флојд Мејведер откри дека дуелот со ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор ќе му донесе заработувачка од 300 милиони долари.

„Не зборувам за договор за 4 или 5 години. За 36 минути јас ќе заработам 300 милиони долари или повеќе. Се за само 36 минути!“ – вели Мејведер.

boks

Боксерскиот меч на годината е закажан за 26 август во Лас Вегас. Во целиот свет со создаде огромен интерес за овој боксерски спектакл, а влезниците достигнувата цена и до 130.000 долари.

Се вчитува...